Детски курсеви

Мали чекори, големи соништа

Нашата програма за деца во English Time им помага на најмладите да изградат цврста јазична основа преку приказни, игри и креативно изразување.
Наменета за ученици од 6 до 12 години, оваа програма го поттикнува зборувањето, слушањето, читањето и пишувањето на англиски – сето тоа во поддржувачка и разиграна средина.

Зошто да го запишете вашето дете на англиски во English Time?

Цврста јазична основа
Научуваат да зборуваат, слушаат, читаат и пишуваат преку интерактивни, забавни активности соодветни за возраста.

Креативно изразување
Приказни, цртање, мали проекти – сето тоа го поттикнува јазичното изразување и фантазијата.

Основи на писменост
Игри со букви, пишување и збогатување речник – сето тоа го гради самодовербата во читање и пишување.

Што ќе научи Вашето дете?

Каква поддршка нудиме?

Индивидуален пристап
Секое дете добива прилагодени активности и личен фидбек според неговото темпо на учење.

Бесплатни дополнителни часови
Кога е потребно – обезбедуваме вежби или часови за полесно совладување на материјалот.

Видлив напредок
Добивате редовен извештај за напредокот, развојот и постигнувањата на вашето дете.

Формат на наставата

Групна настава: 4–8 деца во група, два пати неделно, по 60 минути.

Индивидуални часови: Еден-на-еден сесии, целосно прилагодени на потребите и целите на детето.

Без разлика дали вашето дете учи подобро во динамична група или со индивидуална поддршка, нудиме флексибилни опции според вашето време и стил на учење.

Јазичното патување на Вашето дете започнува тука – приклучете се на нашите забавни часови!

ПРИЈАВИ СЕ ЗА ПРОБЕН ЧАС!

Бесплатно!

Вашето дете ќе се запознае со наставникот и ќе учествува во активности по англиски.
Ќе ги процениме неговите јазични вештини и веднаш ќе добиете повратна информација,
заедно со препораки за понатамошно учење.

Возбудлив почеток со германскиот јазик

red and yellow abstract paintingred and yellow abstract painting

За деца од 7 до 11 години

Овие курсеви нудат пријателско и поттикнувачко воведување во германскиот јазик, со фокус на слушање и зборување,
а постепено преминуваат кон читање и пишување.

Како изгледа курсот

Почетно ниво pre-A1

Децата го учат германскиот природно, преку имитација – со игриво воведување во читање и пишување. Се работат активности како: 🎨 цртање, ✂️ креативни задачи, 🧩 сложувалки и 🎤 дијалози со слики.
Модел-одговори во балончиња им помагаат во процесот на учење.

Подготвителен степен за 5то одделение pre-A1

На ова ниво децата постепено се запознаваат со основите на германската граматика и почнуваат да го градат својот активен вокабулар.
Програмата користи реални ситуации и теми блиски до возраста, при што се работи на правилен изговор, разбирање и првично пишување.

Користиме проекти, песни, кратки вежби за изговор. Наставата е структурирана во мали, контекстуални чекори, со игри што го прават учењето пријатно и ефективно.